-
01.9.2025
-
Македонски ракомет
Од Хановер, Ристо Ѓамовски
Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски
Ракометарите на РК Алкалоид не успеаја да се обезбедат добар резултат пред реванш натпреварот со екипата на Хановер во квалификациите за ЕХФ Европската лига. По ветувачките петнаест минути од првото полувреме, Хановер ја презема диригентската палка и го диктираше ритамот на мечот, а во главната улога беше нивниот голам Жоел Бирлем кој веројатно веќе ја одигра партијата на сезоната.
Неговите 18 интервенции, секако, се показател за неспорен квалитет, но имиџот значително му го подобрија скопските ракометари кои имаа неверојатна серија на промашувања.
„По мене, ова е доста нереален резултат, затоа што мислам дека имавме добра игра во нападот, но промашивме доста седмерци, доста контри, отворени шутеви, што е недозволиво за ваков тип од натпревар. Потфрливме во реализацијата, бевме казнети.
Најголемата разлика беше конечните десет гола разлика, за кои уште еднаш велам дека се нереален резултат затоа што тоа не е вистинска слика од случувањатаа на теренот. Треба повеќе да се фокусираме да ги реализираме тие чисти ситуации и да не ни се повтори нивниот голман да има таква партија во Скопје.
Што се однесува до квалитетот на нивниот голман на мечот со нас, тоа донесе мал пад, деконцентрација, можеби и пад на самодоверба во некои моменти и тоа мора да го поправиме пред мечот во Скопје“, изјави Мартин Велковски.