Десетка за Македонците во Хановер

Од Хановер, Ристо Ѓамовски
Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски

Натпреварот меѓу Хановер и Алкалоид се играше пред преполни трибини во „Свис Лајф“ салата во Германија, што уште еднаш ја преслика вистинската страст на Германците за ракометот. Амбиентот беше збогатен со присуство на повеќе од 250 македонски фанови кои дојдоа организирано дадоа поинаква нота на амосферата.

За сите 60 минути Алкалоид имаше бучна поддршка и во моментите кога не му одеше, а на крајот потег за десетка за нашите навивачи кои со овации ги исправитија македонските ракометари и покрај резултатот.
Се чекаше ред за селфи и автограми, трпеливо, дури и повеќе од пола час по крајот на средбата.