Табоада ќе игра за Холандија!

Foto: Archive/Seha

Кубанскиот ракометар Рение Табоада, во Македонија познат по добриот впечаток што го остави играјќи за Е. Пелистер, доби зелено светло за настап во репрезентацијата на Холандија и веќе следниот месец во рамките на златната лига се очекува неговото деби за новата репрезентација. 

Сопругата на Рение Табоада е Холанѓанка, а тој има пасош од 2024 и тригодишна пауза од настап за Куба, но не ги исполнува(ше) сите потребни услови, односно условот да живее три години на територијата на федерацијата на новата општина. Но, постои мала врата во правилата што Холанѓаните ја знаат и ја искористија. 
Табоада требаше да дебитира на СП во Хрватска и го очекувавме и на меч со Македонија, но ИХФ не му даде дозвола. 
Холандија ја продолжи мисијата и конечно издејствува право за настап за поранешниот ракометар на Е. Пелистер и ќе го гледаме на ЕП 2026, каде што нема да играме повторно со нив.