Почина судијата што ги судеше финалињата на Вардар во Келн

Германскиот судија Маркус Хелбиг почина на возраст од 53 години по долго боледување, објавија денеска германските медиуми и Европската ракометна федерација. 
Маркус Хелбиг заедно со Ларс Гипел имаат судено на повеќе од 250 меѓународни натпревари и беше дел од сите ЕП од 2008 до 2020. 
На македонската јавност би требало да и е познат затоа што гго судеше финалето во ЛШ во Келн во 2017 и исто така го судеше финалето во Келн и во 2019 година кога Вардар преку ПСЖ и Веспрем ги освои двете шампионски титули.