ПРЕГЛЕД ЛШ: Се извлече Магдебург, само Германците се без пораз

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Одиграно е третото коло во Лигата на шампионите по кое единствените екипи со три победи се германските тимови, финалистите на минатата сезона, Берлин и Магдебург. По ова коло следи пауза поради Светското клупско првенство, по што ќе биде закажано четвртото коло.

Веспрем го доби регионалното дерби со Динамо одиграно во Букурешт (30-27). Романците водеа до 42 минута, имаа 22-20, а потоа во следните шест минути со серија од 5-0 Веспрем премина во водство од 25-22, разликата ја зголеми и на 28-23 и го исконтролира мечот до крајот.

Помалку неочекувано, Спортинг пружи слаб отпор на гостувањето во Алборг и го запиша првиот пораз во ЛШ. Доминираа данските ракометар предводени од Бустер Јул (9 гола) и водеа со сигурна разлика од 5-6 гола уште во првиот дел.
Уште од појавувањето на сцената се поставува прашањето дали Колстад ги заслужува привилегиите секоја година да игра во ЛШ. Но, проектот е скап и мора да се одржи, но на теренот импровизации не минуваат, па така норвешкиот првак со 15 гола разлика беше совладан од екипата на Нант.
Берлин уште еднаш беше сигурен во ЛШ и го совлада како гостин тимот на Келце со убедливи пет гола разлика.

Силниот ритам на натпревари уште во септември почнува да зема данок, па така и неприкосновениот Магдебург покажа знаци на слабост. По нерешениот дуел во Бундеслигата со екипата на Елрланген, европскиот првак одново беше блиску да подари бод. Двојната одбраната на Сергеј Хернанез во последните секунди го спаси од реми на домашен терен против екипата на Висла Плоцк. Мечот заврши со резултат 27-26, а полскиот тим покажа дека годинава на нив мора да се смета многу сериозно.
Во групата „Б“, Барса немаше проблеми да дојде до победа против Загреб, а пораз број два запиша екипата на ПСЖ која беше гостин кај унгарскиот ПИК Сегед.
 

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА „А“

Келце - Берлин 32-37
Алборг - Спортинг  35-30
Динамо - Веспрем  27-30
Нант - Колстад  39-24


Табела: Берлин (6), Алборг (4), Спортинг (4), Веспрем (4), Келце (2), Нант (2), Колстад (2), Динамо (0)

ГРУПА „Б“
Е. Пелистер - ГОГ  28-31
Загреб - Барса  25-32
Сегед - ПСЖ  31-29
Магдебург - Висла Плоцк  27-26

Табела: Магдебург (6), Висла (4), Барса (4), Сегед (4), ПСЖ (2), Е. Пелистер (2), ГОГ (2), Загреб (0)