Хој го доведе Ласе Андерсон

Photo: Hoj Elitehandbold ApS (cropped image)

Данската екипа Хој го ангажираше и репрезентативецот Ласе Андерсон кој во моментов настапува за германскиот шампион Берлин.

Ласе Андерсон е последниот во низата што ќе ги искористи даночните олеснувања во Данска што важат за играчи се враќаат назад откако минале 10 години во странство.
Ласе Андерсон во 2016 замина за Барса, таму играше до 2020, а потоа се пресели во тимот на Фуксе Берлин. Во Хој ќе формира тандем со Михаел Дамгард кој од Магдебург се сели во данскиот тим.

Единствениот проблем во овој трансфер би можел да биде Хој, новиот проект кој по пет кола има само една победа и е на претпоследното место, кандидат за испаѓање од Лигата.