Photo credit © IHF
Денеска стартува Светското клупско првенство, турнирот што е наследник на Супер Глоуб, турнир што прв пат се одржа во 1997 во Виена, а прв победник е шпанската Кантабрија. Потоа имаше пауза од пет години, па се одржа едно издание во 2002 во Доха каде што победи екипата на Ал Сад. Третото издание беше во 2007 во Каиро каде што триумфираше Сиудад Реал, а потоа следуваше експанзијата. Во 2010 турнирот се пресели во Доха, се ребрендираше во Супер Глоуб и до 2018 се одржуваше во Катар. Потоа од 2019 до 2023 Саудиска Арабија беше домаќин на турнирот, а минатата година имаше ново ребрендирање и сега е официјално Светско клупско првенство. Домаќин е Египет.
Годинава настапуваат девет екипи поделени во три групи со по три екипи. Во групата „А“ се екипите на Шархај (ОАЕ), победник на Азиската клупска лига, потоа Калифорнија Иглс, победник на Северно-американското и Карипско првенство и Магдебург, европскиот шампион.
Во групата „Б“ се екипите на Веспрем која е бранител на пехарот. Потоа Ал Ахли, победник на Африканскиот Суперкуп и тимот на Сиднеј Ууниверзитет победник на Куп на шампионите на Океанија.
Во групата „Ц“ се наоѓаат екипите на Таубате од Бразил, победник на Јужно и Централно-американско клупско првенство, потоа Барса која доби вајлд карта и египетскиот Замалек кој е домаќин на турнирот.
Во првото коло Замалек тесно го совлада тимот на Таубате (26-24). Водеа египетските ракометари во текот на целиот меч, ветеранот Ахмед Алахмар и на 42 години постигнуваше важни погодоци, но во финишот имаше драма од која домаќинот излезе како победник.
Екипата на Шарјах, првиот воопшто тим од ОАЕ што настапил на овој тунира славеше победа од 35-30 над Калифорнија Иглс.
РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ
Шарјах – Калифорнија 35-30
Замалек – Таубате 26-24
Ал Ахли – Сиднеј
УТРЕ
Калифорнија – Магдебург
Сиднеј – Веспрем
Таубате – Барса