-
01.10.2025
-
Македонски ракомет
РК АЛКАЛОИД - РК ПРИЛЕП 47-21 (23-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Зоран Кимовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Николовски, Џонов 7, Маркоски, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, Ѓоргиев 1, Симоноски 3, Ивановски 2, Костески 6, Борзаш 3, Трајкоски 4, Аларов 1, Иваноски 6, Ѓорговски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.
РК ПРИЛЕП: Ивчески, Ангелески, Тренчевски 2, Рајатоски 3, Адамчески 3, Трајкоски, Антонио Крстески, Ангелески, Ангел Крстески 2, Илиески 1, Димитриоски 2, Шабановиќ 4, Христоски, Лековиќ 4, Столески 4, Соколоски, Лазоски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин.
РК Алкалоид ја запиша својата трета првенствена победа, најубедливата досега во која со 26 гола разлика го совлада тимот на РК Прилеп.
Гостите беа резултатски рамноправни седум минути (3-2), а потоа со серија од 6-0 Алкалоид ја презема иницијативата и до крајот на натпреварот само ја зголемуваше предноста.
Освен резултатот, од оваа средба за одбележување е настапот на тројца ракометари кои досега не беа во ростеротна Алкалоид. Михаил Иваноски, Давид Трајкоски и голманот Ѓорѓи Николовски го запишаа својот прв официјален настап за РК Алкалоид во новата сезона. Иваноски постигна шест гола и беше најефикасниот играч на натпреварот,Давид Трајкоски постигна четири гола, а Николовски запиша пет одбрани.