Денеска, ракометот добива (нов) светски првак

Photo © IHF

Вечерва во Новата престолнина, административен град лоциран 45 километри од Каиро, во Египет, ќе се одиграат натпреварите за пласман и големото финале на Светското првенство за клубови. Ова е 19 издание на турнирот кој од минатата година официјално го носи името Светско првенство за клубови. 
Во мечот за избегнување на последното деветто место, Калифорнија го совлада тимот на Сиднеј (31-25) и денеска ќе игра за седмото место против бразилскиот Таубате.
За петто место ќе играат екипите на Замалек и Ал Шарјах, а за третото место Магдебург и Ал Ахли (16:15ч). 

Во финалето ќе се сретнат екипите на Барса и тимот на Веспрем кој е и бранител на шампионскиот пехар. Тој натпревар почнува во 19:00часот. 

Екипата на Барса досега пет пати го има освојувано овој турнир, двапати била втора и двапати го освоила третото место. Веспрем, пак, има две учества и двапати стигнал до финалето, а еднаш, минатата година и победи.