Охрид е веќе во третото коло на ЕХФ Куп

Фото: ГРК Охрид

Екипата на ГРК Охрид запиша висока победа над екипата на Баки од Азербејџан во второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Охриѓани славеа со 44-11 и веќе се во третото коло на ова натпреварување, а утре на реваншот треба само да го заверат пласманот. 
Анте Иванковиќ со девет гола и Дарко Ѓукиќ со седум постигнати погодоци беа најефикасните ракометари на натпреварот. 
Реванш мечот ќе се игра утре исто така во Охрид, со почеток од 18 часот.