Урош Зорман кандидат за замена на Талант

Photo: Mohan/Doha Stadium Plus Qatar/ Creative Commons Attribution 2.0 Generic (cropped image)

Екипата на Келце минува низ нов условно кажано кризен период, што овој пат е резултатски манифестиран. Се добива впечаток дека Талант Душебаев и неговите два сина се предолго во екипата и дека лимитот, а тој беше финале на Лигата на шампионите е достигнат. 
Алекс и Даниел заминуваат од Келце, дали ќе бидат во Кил, Сегед или некој трет клуб ќе дознаеме, но судбината на Талант главно беше поврзувана со нов долгорочен договор со Келце и покрај тоа тоа Кил наводно е заинтересиран, а исто така и Катар би го видел на селекторската позиција.

Сега доаѓа приказна и од другата страна, а споделија колегите од Словенија. Урош Зорман, ракометарот кој од 2011 до 2018 беше дел од Келце, а потоа две години и асистент во клубот е созреан да стане прв тренер на Келце. Четирите врзани порази во Лигата на шампионите сезонава се чини ќе ја скројат побрзо суедбината на Талант, а Зорман изгледа како сосема добро решение. 

Поврзани вести