Фото: ГРК Охрид
Хрватскиот голман Морено Цар е замената за Кристијан Пилиповиќ во екипата на Кадетен Шафхаузен. Пилиповиќ потпиша за македонскиот тим ГРК Охрид, а Кадетен беше спремен за трансферот и веднаш се договори со РК Пореч и Морено Цар.
Екипата на Фуксе Берлин до крајот на сезоната ќе мора да игра без бекот Фабијан Виде. На натпреварот со Веспрем од Лигата на шампионите, германскиот репрезентативец се повреди, дијагностицирана е повредата скинати вкрстени лигаменти на коленото и за него оваа сезона е завршена предвреме.
Екипа која активно го пребарува трансфер маркетот е бундеслигашот Флензбург. На меч од ЕХФ Европската лига се повреди Ласе Мелер (фрактура на метакарпална коска на дланката), повредни се Лукас Јоргенсен и Лука Вицке, па тимот остана само со 16 професионални ракометари во ростерот и кога ќе се минусираат голманите, екипата има многу малку играчи во ротација.
Октомври е месец посветен на борба против ракот и веќе видовме во една таква акција како Микел Хансен ја скрати на нула својата долга коса. Во Норвешка, пак, дресот на поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Камила Херем што го носеше на првенствен дуел, прв по враќањето на терен по хемотарапијата беше продаден за (рекордна) сума од 8,500 евра.
По победата над Загреб во шестото коло од Лигата на шампионите, екипата на ПИК Сегед му понуди нов договор на тренерот Микаел Апелгрин. Тој се согласи и потпиша договор до 2028 година.