Кузмановски: Имаме што да покажеме

Македонската ракометна репрезентација ги почна подготовките за настапот на јануарското Европско првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Во неделата на ЕХФ, седумте дена во кои селекторите среде сезона ќе можат да ги соберат репрезентациите и да играат контролни натпревари, Македонија ќе игра два меча со Јапонија.
Капитенот на репрезентацијата, Филип Кузмановски коментираше пред стартот на подготовките:

„По подолг период пак сме сите заедно и среќен сум за тоа. Ќе се подготвуваме за мисијата Европско првенство. Секој собир има некоја цел. Сега е прв ден, па ќе се подготвуваме за дуелите со Јапонија. Нашата цел на овој собир е добра подготовка за континенталниот собир. Оваа Македонија на секое следно првенство оди напред. Овие млади играчи минаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на своите екипи. Треба сите да нè сфатат сериозно, имаме многу квалитетни играчи и веруваме во системот. Имаме што треба да покажеме, а главното е како треба да се игра за Македонија“, изјави Кузмановски.