Ракометната федерација на Македонија денеска ќе ја одржи свечената манифестација „Ракометари на Македонија“ на која ќе ги прогласи најдобрите за 2025 година.
По подолго време, ова значајно случување повторно се враќа на македонската спортска сцена, со цел да им оддаде признание на најдобрите ракометари, ракометарки, тренери и клубови од земјата во 14 категории, како и на сите кои со својата работа и резултати ја направија Македонија препознатлива на европската и светската ракометна мапа.
На свеченоста ќе присуствуваат бројни истакнати имиња од македонскиот и регионалниот спорт – ракометни легенди, актуелни играчи, спортски работници, спонзори и медиуми.
Преку свечената церемонија и доделувањето на награди во 14 категории, Ракометната федерација на Македонија го оживува духот на една спортска традиција која ќе продолжи и во годините што следат.
„Ракометари на Македонија“ претставува вечер на признание, емоција и гордост – момент кога македонскиот ракомет го слави својот континуитет, своите идоли и сите кои го испишуваат богатото спортско наследство на државата.