Photo: Handballprensa/ Handball Argentina (cropped image)
Неделата на ЕХФ ја искористија и репрезентациите што не се од Европа, а посебно место викендов имаше турнирот „Четири нации“ што се одржа во Буенос Аирес, Аргентина.
Учествуваа Аргентина, Бразил, Чиле и Мексико, а победник на турнирот е репрезентацијата на Бразил која беше прилично доминантна на сите натпревари.
Но, турнирот беше посебен за репрезентацијата на Аргентина. Најдобриот аргентински играч, можеби најдобриот што го имале на сите времиња – Диего Симонет го одигра последниот натпревар за националниот тим.
Диего Симонет, често нарекуван ракометниот Меси ја заврши репрезентативната кариера по 146 натпревари на кои постигна повеќе од 450 голови, но неговата креативност, луцидност имаа поголем ефект отколку што покажува статистиката.
Диего заедно со браќата Пабло и Себастијан беа најпрепознатливата братско трио во ракометниот свет.
Диего во Европа дојде во 2009 година во Шпанија, две години подоцна се пресели во Иври, а во 2013 пристигна во Монпеље со кого во 2018 стана европски шампион, а и натаму е дел од овој тим. За сениорската репрезентација на Аргентина дебитираше во 2011 година.