Марко Митев се врати на терен!

Фото: Филип Вирановски/РК Алкалоид

Натпреварот меѓу екипите на РК Алкалоид и РК Струга денеска е во центарот на вниманието. Ова е натпревар на кој домашниот Алкалоид е големиот фаворит за бодовите, но друг момент го става овој меч во фокусот.

Марко Митев, еден од најдобрите македонски ракометари денеска е прв пат во составот на Алкалоид по повеќемесечна пауза поради повреда.

Митев го пропушти финишот на минатата сезона и сѐ досега се подготвуваше за враќање на теренот. Денеска, конечно е во составот, што е одлична вест и за македонската репрезентација која во јануари во Данска ќе игра на ЕХФ Еуро.