Германија е првиот пионерски светски шампион

Photo: International Handball Federation / IHF

Репрезентацијата на Германија е првиот пионерски светски првак. Во новото натпреварување на ИХФ, Светско првенство до 17 години во машка конкуренција, Германија во финалето на мундијалот што се одржа во Мароко, го совлада тимот на Египет (44-43) и се запиша во ракометната историја како прв освојувач на СП У17.
Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Шпанија која беше подобра од тимот на Катар (35-23).