Топ вест: Варгас дебитираше за Кил, Партизан доминираше над Војводина, Колстад губи и во Норвешка

Photo: IHF/Kolektiff

⇒ Шпанскиот репрезентативен голман Гонзало Перез де Варгас дебитираше за екипата на Кил. Варгас потпиша за „зебрите“ уште минатата година, но се повреди, мораше на операција и долга пауза, па дури сега го запиша првиот настап за новиот клуб.
Кил го совлада Бергиршер со 43-35, а играч на натпреварот беше Елијас Елефсен а Скипаготу кој постигна 14 гола и изгледа како сосема нов играч да има во Кил во однос на минатата сезона.

⇒ Претседателот на Ракометниот сојуз на Русија, Сергеј Шишкарјов, изјави дека (можеби) е дојдено времето првенствата на Русија и Белорусија да се спојат во еден шампионат.

⇒ Големото дерби во Норвешка заврши со лесна победа на гостинскиот тим Елверум над неславниот мега проект Колстад (32-23).

⇒ Партизан демонстрираше сила над повеќекратниот првак на Србија, Војводина, во дербито на колото. Црно-белите победија 35-30, но уште на полувреме имаа водство од 19-10.

⇒ Мега дербито во Унгарија меѓу ПИК Сегед и Веспрем заврши со минимална победа на гостинскиот состав на Веспрем (32-31). Трагичен настан го одбележа дуелот, за време на натпреварот почина техничкиот директор на екипата на ПИК Сегед.