Берлин го бара Цехте од Е. Пелистер?

фото: mkdhandball/Raadovan Vujovic

Словенечкиот ракометен портал Хандбалија кој главно е ориентиран да следи трансфери, особено на словенечките ракометари, денеска објави информација дека е можно ракометарот на Е. Пелистер, Нејц Цехте да премине во редовите на Фуксе Берлин за соодветна отштета што би ја добиле битолчани. 

Нејц Цехте во Берлин би бил замената за повредениот Фабијан Виде. 

Е. Пелистер на позицијата десен бек покрај Цехте ги има и Усама Хосни и Анджеј Видомски, па од тој аспект овој трансфер има потенцијал да биде реализиран.