СУПЕРЛИГА: Куманово ја прекина лошата серија, двојна победа во Битола

Фото: МРК Куманово

По серија од 10 порази по ред, МРК Куманово конечно освои бодови, а исто како и во првото коло, нивната жртва е екипата на Радовиш која и по 12 комплетни кола нема освоено бод.
Куманово полесно дојде до втората, отколку до првата победа. Поведоа со 8-1 гостинските ракометари и практично од стартот го решија победникот, по точно 15 минути игра.
Александар Стојков, некогашниот играч на Мулти Есенс и Алкалоид го одигра својот најефикасен натпревар во дресот на кумановци и постигна 11 гола од кои седум беа од седмерец.

Десетте гола на Димитар Димитриоски не беа доволни за екипата на Прилеп да победи на гости кај Е. Пелистер 2. Резултатски беше позрамнето отколку во Радовиш, но без многу неизвесности околу конечниот победник битолската „двојка“ стигна до бодовите. Христијан Митревски со осум и Мохамед Азиз со шест гола беа водечките стрелци во победничкиот состав.

Самоил Ристевски се враќа во добра форма по рехабилитацијата и постигна пет гола, исто колку и Петар Атанасијевиќ и Анджеј Видомски во победата од 10 гола разлика на Е. Пелистер над екипата на Бутел Скопје.

СУПЕРЛИГА 12 КОЛО
ДЕНЕСКА:
Е. Пелистер 2 – Прилеп 31-28
Радовиш – Куманово 19-30
Е. Пелистер - Бутел Скопје 31-21
19:30 ГРК Тиквеш - Пролет 62

Табела: 1. Вардар (24), 2. Е. Пелистер (22), ГРК Охрид (19), Алкалоид (18), ГРК Тиквеш (12), Е. Пелистер 2 (12), Бутел Скопје (11), Т. Пролет (9), Прилеп (8), Струга (4), Куманово (4), Радовиш (0)