Ракометот на гости во Лас Вегас

Photo: USA Handball

Предолимписка промоција ќе има ракометот во САД следното лето. Веќе е договорен деветдневен „хепенинг“ од први до деветти август следната година во Лас Вегас, во сала со капацитет од 5800 гледачи.

Врвни екипи од Европа ќе бидат дел од настанот. Пик Сегед, Нант, Берлин и Алборг ќе играат на првиот „Pro Handball USA Tournament“ во машка конкуренција, додека во женска конкуренција на терен ќе бидат екипите на Ѓер, Брест, Одензе и Ишиква од Јапонија.