Фото: РК Еурофарм Пелистер
ПИК СЕГЕД – Е. ПЕЛИСТЕР 35-20 (14-9)
Миклер (19 одб), Фримел 7, Кукиќ 7 – Хеидарирад (8 одб), Манасков 3, Петар Атанасијевиќ 3, Хаџиќ 3
ПИК Сегед му се реваншираше на Е. Пелистер за минималниот пораз во Битола со катастофа испишана со 15 гола разлика на возвратниот меч во Сегед.
Сеид Хеидарирад бранеше одлично од почетокот на мечот, фати неколку шутеви од чиста позиција и го одржа во егал битолскиот тим на почетокот, притоа креираше и впечаток дека одбраната на Е. Пелистер игра добро (3-3).
Но, откако ги наместија нишаните домашните ракометари, се смени и сликата и поведе со 6-3 Пик Сегед, потоа беше и 10-4.
Се обидоа и со 7 на 6 ракометарите на македонскиот тим, успеаја за момент да се доближат на 8-11, но блесна и голманот на домашните, Роланд Миклер и натпреварот доби поинаков тек.
Не само што нападот не беше ефикасен, ниту длабоката одбрана не беше особена препрека за домашните.
Тоа направи разлика и на полувреме беше 14-9.
Миклер со 11 и Хеидарирад со 7 одбрани беа најмаркантните фигури на теренот во првиот дел.
Во второто полувреме ритамот беше ист, а брзо домашните стигнаа до нова највсока предност. Миклер ја запиша својата 14 одбрана, а Сегед поведе со 19-11 во 38 минута кога Гарабаја победа тајм аут, но следеше нова грешка и гол на празна мрежа за водство од 20-11 на домашниот тим.
Пет минути подоцна Миклер ја запиша својата 17 одбрана, а Пик Сегед дојде до водство од 10 гола разлика (23-13).
Комплетно се распадна играта на македонскиот тим, па во последните 10 минути на теренот излегоа помлади постави, а мечот заврши со победа од 15 гола разлика за домашниот состав.