Фото: РК Еурофарм Пелистер
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МАГДЕБУРГ 26-31 (12-15)
Митревски (11 одб), Манасков 5, Радивојевиќ 5 - Хернандез (8 одб), Саугструп 6, Клар 6, Лагергрин 5
Актуелниот европски првак, Магдебург славеше сигурна победа над Еурофарм Пелистер во деветото коло од Лигата на шампионите, на меч што се одигра во Битола.
Гостинскиот состав беше психолошки добро подготвен за амбиентот во Битола и за разлика на пример од ПИК Сегед, не потпадна под притисокот, иако се приметуваа и кај нив знаци на слабост или нерешителност, па не наметнаа ритам каков што сакаа.
Но, поведоа со 4-1, потоа беше 6-3, па 10-6.
Вешто во нападот го пронаоѓаа пикерот Саугструп кој реализираше без грешка, безгрешни беа и како изведувачи на пенали се до финишот кога младиот Брестовац го скроти Омар Инги Магнусон.
За целото тоа време, ракометарите на македонскиот клуб се обидуваа да воспостават ритам, но немаа успех и не можеа да го наметнат својот стил на игра против актуелниот европски шампион.
Сепак, имајќи предвид каков ракомет игра Магдебург, можеме да констатираме дека борбата за наметнување на ритам ја доби македонскиот тим.
Немаше изразит поединец во зелено белиот тим. Хосни имаше добар почеток, но и доста брзо се потроши. Хенигман традиционално до 15 минута веќе имаше две исклучувања, Кузмановски беше добро следен и покриван, а Радивојевиќ и Митревски имаа свои моменти.
Во еден момент се чинеше дека Германците ќе направат поголем исчекор, но откако пропуштија два напада за плус шест, како што вообичаено се случува, другиот тим се враќа во игра. Ракометарите на битолскиот клуб успеаја да намалат на минус три имаа и напад за минус два гола разлика, но конечно, првиот дел заврши со резултат 15-12 за Магдебург.
Е. Пелистер првиот гол во второто полувреме го постигна по шест минути игра, но прими само два гола за тоа време. Магдебург се обидуваше да го засили ритамот и веројатно ќе успееше да го прекрши резултатот, но Никола Митревски имаше серија на одбрани со кои ги врати работите на почетокот.
Магдебург стигна до плус шест, па и плус седум во еден момент, но одново ќе го прекрши резултатот. Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеваа да спречат брз ракомет на теренот, иако позициската игра гол за гол ги водеше кон сигурен пораз.
Гостите имаа во одредени проблеми со одбраната на битолската екипа, но имаа и безбедно водство одлични индивидуалци кои не дозволија да биде доведено во прашње во ниту еден момент.