СП ЖЕНИ 2025: Романија ја преслуша Хрватска

Photo © IHF

Сѐ уште трае загревањето на Светското првенство во женска конкуренција што се одржува во Германија и Холандија.
Првото коло е во тек и главно има изразити фаворити на овие натпревари каков што беше случајот меѓу Шпанија и Парагвај (26-17), Србија и Уругвај (31-19), Ангола и Казахстан (38-20) или најголемата разлика во квалитет досега Швајцарија и Иран (34-9).
Но, денеска играа и две европски репрезентации што беше освежувачки за гледање, иако рамноправноста траеше само 30 минути.
Романија и Хрватска предводена од Ивица Обрван водеа битка во првото коло, а неочекувано лесно победи Романија (33-24).
Првиот дел беше рамноправен и заврши со само еден гол предност за Романките, но во второто полувреме Романките во три наврати влегуваа во серија и во 53 минута поведоа и со 10 гола разлика (29-19). Плус десет беше и во 60 минута (33-23), но Хана Вуљак со својот прв погодок ја симна разликата под линијата од 10 гола. Симона Грожав со седум гола од романскиот тим и Тина Баришиќ со исто толку погодоци од хрватската репрезентација беа најсефикасните ракометарки на натпреварот.