ТВ ПРЕНОС: Загреб - Е. Пелистер, Барса - ПСЖ, СП жени

Македонскиот првак Е. Пелистер денеска ќе игра многу важен натпревар во Лигата на шампионите. Битолскиот клуб е во Загреб каде што против хрватскиот шампион ќе се бори за одржување на немалите шанси за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите.
Загреб досега нема освоено бод, беше поразен во Битола, во меѓувреме го промени тренерот, а повредени му се двајцата најпознати играчи (Карачиќ и Кларица). Но, од престолнината најавуваат атак на прва победа сезонава. 
Мечот ќе биде директно пренесуван на МТВ и на ТВ Арена. 

ТВ ПРЕНОС
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45  ЗАГРЕБ - Е. ПЕЛИСТЕР  (МТВ-3, ТВ АРЕНА СПОРТ 2)
20:45  БАРСА - ПСЖ (ТВ АРЕНА СПОРТ 2)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО - ЖЕНИ
15:30  ЈАПОНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА (ТВ АРЕНА СПОРТ 7)
18:00  РОМАНИЈА - УНГАРИЈА (ТВ АРЕНА СПОРТ 7)