ГОГ ги избриша Плејоф шансите на Е. Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Пред само два дена шансите на Еурофарм Пелистер за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите беа сосема реални, но за два дена смени сликата и сега поголеми се шансите македонскиот првак во групата да заврши на последното место отколку да се пласира во Плејоф.
Не е готово, сите опции се отворени, но приказната се промени вчера откако Е. Пелистер беше поразен од екипата на Загреб и денеска, кога директниот ривал ГОГ славеше победа во ЛШ на гостински терен против екипата на Висла Плоцк (35-34).
Сега на табелата во ЛШ Загреб е последен со два бода, пред нив е Е. Пелистер со четири, па ПСЖ кој има шест. Екипата на ГОГ веќе има осум бода и домашен меч со македонскиот првак.

ТАБЕЛА
1 Магдебург -1 (18), Барса (18), Висла (12), Сегед -1 (10), ГОГ (8), ПСЖ (6), Е. Пелистер (4), Загреб (2)