Бомбач ќе го спасува Лајпциг

Photo: SC DHfK Handball (cropped image)

Словенечкиот ракометар Дејан Бомбач по епизодата со Ѓер што имаше турбулентен период што заврши со раскин на договор сред сезона ќе ја преземе улогата на спасител на германскиот тим Лајпциг. Оваа екипа на почетокот на сезоната го доведе од Еурофарм Пелистер тренерот Раул Алонсо, но не се прослави Шпанецот, па сега клубот е закован за дното и ќе бара засилувања што можат веднаш да играат за нив.
Дејан Бомбач, иницијално поврзуван со трансфер во Е. Пелистер е нивното ново засилување и ќе дебитира веќе утре, на мечот со Хамбург.