Топ вести: Колстад пак ќе крати плати, Гебала се врати во Полска...

Photo: Veszprém Handball Club (cropped)

По една полусезона мината на терените во Египет и Кувајт, полскиот репрезентативец и поранешен играч на Келце, Томаш Гебала се врати во Полска и ќе игра за третопласираниот тим во Лигата, екипата на Вибжеже Гдањск.

Норвешкиот шампион Колстад успешно мина најмалку две финасиски кризи, но приказната не е завршена. Овој клуб одново е во финансиски проблеми и одново ќе ги крати платите на своите играчи, првенствено на најскапите.

Голманот Микаел Апелгрин и унгарскиот шампион Веспрем се согласија за активирање на клаузлтата +1 година од договорот и шведскиот чувар на мрежата ќе остане и во 2026/27 на голот на Веспрем. Следната година, ќе формира тандем со вонсерискиот голман на Данска, Емил Нилсен.