Алкалоид со целиот плен од Прилеп, бод за Куманово против Пролет...

Фото: РК Алкалод/Филип Вирановски

Есенскиот дел од Суперлигата влегува во финиш. Уште две кола остануваат да се одиграат пред клубовите да заминат на распуст, а на сцената да се искачи машката сениорска репрезентација. 

РК ПРИЛЕП - РК АЛКАЛОИД  33-39 (16-19)
Сала: „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп. Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски. Делегат: Зоран Кимовски
РК ПРИЛЕП: Ангелески, Тренчевски 2, Кастратовиќ 1, Рајатоски 1, Адамчески, Крстески, Илиески 2, Димитриоски 10, Шабановиќ 9, Христоски, Цветаноски 4, Квастек 4, Лековиќ, Стоилески, Соколоски, Лазоски
Седмерци: 6/6 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски 1, Џонов 6, Тордарсон 1, Маркоски 1, Никола Костески 5, Серафимов 7, Карасманакис 3, Стојковиќ 2, М. Митев 2, Ѓоргиев 1, Велковски 2, Ненад Костески 3, Д. Митев 2, Борзаш 3, Аларов
Седмерци: 8/8 Исклучувања: 12мин.

Одбројуваат Суперлигашите до моментот кога ќе заминат на зимски одмор, а репрезентацијата ќе биде во главната улога. 
Денеска се играше вонредно коло, во кое акцентот беше на дербито во Битола. Е. Пелистер и Вардар го направија врвот на табелата поинтересен, но погрешни би било да ги отпишеме Алкалоид и Охрид кои не го кажале последниот збор. 
Денеска и двата сино-бели тимови остварија победи. Алкалоид над Прилеп, Охрид над Тиквеш. 

РК Алкалоид со победа се врати и од гостувањето во Прилеп каде што го совлада домашниот РК Прилеп со резултат 39-33. 
РК Алкалоид важеше за фаворит во пресрет на натпреварот и ја оправда таа улога“. Домашниот состав се прикажа во борбено издание кое во првиот дел му донесе рамноправаност. РК Алкалоид диктираше резултат, но разликата не беше висока, водство претежно беше од два до четири гола разлика во текот на сите 30 минути. На полувреме беше 19-16 за РК Алкалоид, а веќе на стартот на вториот дел со серија од 5-0, РК Алкалоид дојде до предност од 24-16 и од тој момент разликата се движеше меѓу 6 и 8 гола разлика, до конечните 33-39. 

Охрид со 31-19 го совлада тимот на Тиквеш, а најинтересно беше на дуелот меѓу Куманово и Пролет, два тима што веројатно ќе играат Плејаут на пролет. Натпреварот заврши со поделба на бодовите (28-28)