ЕХФ РАНКИНГ: Лоши вести од Виена!

Македонија нема место во ЛШ, има едно место во ЕХФ Европската лига и три во ЕХФ Европскиот Куп.


Со месеци очекуваната одлука за распределбата на местата во проширената (од 16 на 24 екипи) ЕХФ Лига на Шампиони и ремонтираниот систем на натпреварување во ЕХФ Европската лига не донесе ништо ново и ништо добро за македонските екипи. ЕХФ реши вака да ги распредели местата:

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Првите 10 земји според ранкингот имаат по едно место во ЛШ, другите немаат директно место.
Топ 10 што имаат директно место се: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка.
Уште осум екипи од овие 10 земји ќе добијат дополнително место во ЛШ. Максимум три екипи од една држава ќе можат да играат во ЛШ.
Од земјите што немаат директно место во ЛШ, меѓу кои е и Македонија, само четири клуба ќе добијат место во ЛШ. Тие ќе треба да аплицираат за надградба од ЕХФ Лига и ЕХФ ќе одбере кои четири тима ќе добијат покана.
Тоа се вкупно 22 клуба, а ЕХФ ќе додели две вајлд карти и ќе заокружи на 24 екипи.
Прв пат е отворена опцијата вајлд карта за ЛШ да добие нееверопска екипа!
Македонија има само едно место во ЕХФ Европската лига и следствено ќе може само една екипа да аплицира за учество во Лигата на шампионите.

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
ЕХФ Европската Лига ќе има 32 екипи, но со преминот на осум екипи од оваа Лига во Лигата на шампионите ќе се отворат дополнителни осум места.
Пет од нив ќе бидат за земјите имаат едно место во Европската Лига, но добиле место во ЛШ (меѓу кои очекуваме да биде и Македонија).
Две места се за земјите што немаат директно место ниту во ЛШ, ниту во Европската лига.
Последното место е вајлд карта што ќе ја додели ЕХФ.

Многу работи ќе зависат од тоа кои екипи, колку екипи и од кои земји ќе се пријават во ЛШ и ЕХФ Европската лига, но резимирано, најголема е веројатноста, Македонија да добие едно место во ЛШ, едно место во ЕХФ Европската лига и најмалку две места во ЕХФ Европскиот Куп.