ЕХФ воведува нов систем на квалификации за СП

Извршната комисија на ЕХФ аминуваше неколку планирани сценарија, меѓу кои е и промената на системот на евро-квалификации за Светско првенство.
Сегашниот систем кој подразбира Плејоф натпревари во две фази е комплетно нефер кон репрезентациите што не се Топ 10 и практично им одзема 90% од шансите да се пласираат на СП.

Но „нефер“ не постои во речникот на ЕХФ и нема тоа да биде водилката кон промените во системот на евро-квалификациите, туку новото натпреварување што стартува во 2030 година, а се однесува на квалификациите за Олимписките игри – „Европските ракометни игри“.
Сеедно, ќе има нов систем на квалификации во кој место досегашниот Плејоф ќе бидат воведени квалификации со играње во групи.

Новиот систем на квалификации ќе биде инсталиран за Светското првенство што ќе се одржи во 2031 година.