-
16.12.2025
-
Планета ракомет
Poto: IHF
Голманот на норвешката женска репрезентација, Катрин Лунде со 14 одбрани во финалето на СП 2025 беше една од најзаслужните за петтото мундијалско злато на нејзината репрезентација. За 45 годишната Лунде, ова беше 13 златен медал во кариерата, последен во дресот на националниот тим. Легендарниот голман се повекува од репрезентацијата и нема веќе да ја гледаме на ЕП, СП или ОИ.
Женската репрезентација на Холандија ќе продолжи без своите две (нај)големи ѕвезди. Естевана Полман и Луис Абинг ги одиграа своите последни натпревари во портокаловиот дрес на Светското првенство 2025.
Според германскиот весник „Билд“, репрезентативките на Германија за освоениот сребрен медал на Светското првенство 2025 ќе поделат премија од 300.000 евра.
Исландскиот тренер Рунар Сигтругсон е новиот тренер на екипата на Вецлар. Тој доаѓа на местото на Момир Илиќ кој поднесе оставка по серијата од 11 порази по ред во Бундеслигата.
Сигтругсон минатата сезона успешно го водеше Лајпциг кој оваа сезона заедно со Вецлар се двете екипи кои го делат последното место на табелата.
Екипата на Нант потпиша нов договор со алжирскиот ракометар Ајуб Абди и тој ќе остане во вилетиовиот дрес најмалку до 2029 година.