ТРАНСФЕРИ: Стојановиќ, Тајник, Кавалканти...

Photo: Jurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije (cropped image)

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ би требало да ја преземе словенечката екипа Ајдовшчина, објави словенечки „Хандбалиа“. Последниот ангажман на Стојановиќ исто така беше во Словенија каде што ја водеше екипата на Тримо Требње.

Овогодинешното словенечко засилување за екипата на ГРК Тиквеш, Јан Тајник, заминува од Кавадарци и најверојатно ќе игра за словенечкиот тим Радовљица, последнопласиран во шампионатот.

Поранешниот ракометар на ГРК Тиквеш, Никола Стефановиќ, во моментов ракометар на Рибница има понуда за трансфер од екипата на Горење, некогашниот шампион на Словенија.

Бекот на Бенфика Габриел Кавалканти, помлад брат на Александре Кавалканти од Мелзунген, заминува од Лисабон на крајот на сезоната и во наредната ќе игра за францускиот тим Шамбери.

Португалскиот репрезентативен голман Густаво Капдевил ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната и во следната ќе игра за данскиот клуб Холстебро.