Џанфранко Прибетиќ ќе го засили ГРК Охрид

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 via Wikimedia Commons (cropped image)

Екипата на ГРК Охрид постојано е во играчката трансформација во која секој нареден трансфер е сѐ позвучен од претходните. Во текот на сезоната охриѓани го доведоа во своите редови голманот Кристијан Пилиповиќ, бекот Томислав Јагуриновски и крилото Ален Ќосевски, а од клубот потврдија дека на почетокот на новата година нивни ракометар ќе стане и хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ. 

Џанфранко Прибетиќ беше дел од кадетската репрезентација на Хрватска која во 2019 година во Скопје играше на Светското У19 првенство и го освои 10 место, три позиции пред Македонија. Во таа екипа беше заедно со уште неколку познати играчи како Матео Мараш (Е. Пелистер, ПСЖ), Верон Начиновиќ (Монпеље, Кил), Анте Иванковиќ (ГРК Охрид), Фран Милета (Војводина)... 
По мундијалската Македонија направи трансфер од Пореч во Нексе каде што играше до 2024 година, а потоа се пресели во Бундеслигата каде што игра за екипата на Штутгарт.