Брестовац одбрани еден пехар во Катар

Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Данило Брестовац го збогтува и надградува своето тренерско рез(име) на Блискиот Исток како тренер на екипата на Ал Араби од Катар.
Викендов, Данило Брестовац и Ал Араби го освоја првиот пехар во новата сезона, Куп на федерацијата.

Триумфот во ова натпреварување е одбрана на пехарот Куп на Катар, а е остварен откако во финалето беа убедливо подобри од ривалскиот Ал Духаил кого го совладаат со чиста „десетка“: 36-26 (16-13).

За Ал Араби ова беше петти пехар во историјата во ова натпреварување, втор откако на клупата е македонскиот тренер.
Тимот на Брестовац доминираше во текот на целиот меч, по 16-13 на одморот, победата ја обезбеди во второто полувреме во кое доминираше над големиот ривал.
Ал Араби минатата сезона освои три пехари, еден од нив веќе е одбранет.