Трансфери: Палицка или Бергеруд во Берлин?

Играчки промени се најавени и во данскипт шампион. Капитенот на Алборг, Рене Антонсен ќе го напушти клубот на лето и ќе се пресели во францускиот клуб Нант.

Алборг веднаш реагираше на одлуката Рене Антонсен да замине и не неговото место следната сезона доаѓа шведскиот ракометар Антон Линдског. Тој во моментов игра за екипата на ГОГ.

Пикерот на Хановер Бургдорф и на германската репрезентација, Јустус Фишер е цел на екипата на Флензбург. Овој клуб преговара за предвремено продолжување на договорот со словенечкото крило Домен Новак.

Шведскиот голман Андреас Палицка, во моментов во норвешкиот Колстад, би можел да биде замената за Дејан Милосављев во редовите на екипата на Фуксе Берлин. Друга опција за замена за Милосављев е норвешкиот голман Торборн Бергеруд кој брани во екипата на Висла Плоцк. Трета опција е францускиот репрезентативец Шарл Болсанже.