Барса во потера: Кико, Фис или Мадс Хоксер место Дика Мем?

Photo: IHF

Мадс Хоксер, десниот бек на Алборг и на репрезентацијата на Данска е најновото име од позицијата десен бек што се споменува како можна замена за Дика Мем во редовите на Барса.
Барса првенствено е заинтересирана за 20 годишниот Францско Кико Кошта од Спортинг. Тој има договор до 2030 година со Спортинг, но и преферира да игра заедно со својот малку постар брат, Мартим Кошта, исто така врвен ракометар.
Тие потпишаа со менаџерска компанија блиска до Барселона, а имаат и излезна клаузула во 2027 година што би можела порано да ги одведе во „Блауграна“.
Друг десен бек што сериозно се наметнува и кого ќе го видиме на претстојното ЕП во Хернинг е Маркос Фис, син на познатиот кубанско-шпански ракометар Хулио Фис. Тој има 18 години и важи за еден од најголемите светски потенцијали, а игра во Гранољерс.
Сепак, Барса ништо не остава на случај, па во игра е и Мадс Хоксер кој исто така има важечки договор.