БУНДЕСЛИГА ТВ ПРЕНОС: Ајзенах - Магдебург

Бундеслигата го одржува ракометот на на големата сцена пред репрезентациите да го заземат местото на клубовите и преку контролните натпревари да го најават првиот голем настан во 2026, Европското првенство што на 15 јануари почнува во Данска, Шведска и Норвешка.

По суперинтересниот меч со Кил што заврши без победник, актуелниот европски првак Магдебург денеска ќе гостува во една од најнезгодните сали во Германија, домот на Ајзенах. Оваа екипа на домашен терен веќе одигра нерешено со Кил и го совлада Гумерзбах што ја претвора во нагазна мина и за доминантниот Магдебург.

Натпреварот ќе се игра во почеток од 18:00 часот, тој е единствениот од кој ќе има директен ТВ пренос, а ќе може да го следите на ТВ Арена Спорт 2.


БУНДЕСЛИГА
18:00 Ајзенах - Магдебург (ТВ Арена Спорт 2)