ЕП 2026: Проблеми за Франција и за Унгарија

Photo: IHF

Нешто повеќе од две недели остануваат до почетокот на ЕП 2026, а вистинските подготовки со оглед на густиот распоред во националните првенства ќе почнат дури по новогодишните празници.
Проблемите меѓутоа, се јавуваат порано.

Унгарија има проблем со крилниот играч на Кил, Бенце Имре. Тој има повреда на мускул во абдоменалниот дел. Повреда што се провлекувала подолго време се активирала по натпреварот со Штутгарт одигран на 10 декември. Првичната прогноза, четири до шест недели пауза што се поклопува во термините за ЕП.

Проблем има и Франција со Јанис Лене. Тој има повреда на колентото здобиена на натпревар од ЛШ во дресот на Веспрем. Го прегледале и француски и унгарски доктори. Унгарците препорачуваат пауза, Французите се спремни да го фрлат во оган. Во вакви ситуации, одлучуваат федерациите, а клубовите можат да само дадат препорака.