Бојана Поповиќ дебитираше во ЧСМ, од трибина

Фото: РФМ

Црногорската ракометна легенда, Бојана Поповиќ, дебитираше на клупата на својот нов клуб – ЧСМ Букурешт на последниот меч од 2025, дуел што ЧСМ лесно го доби против Залау (39-20).
Дебито на Поповиќ не мина според најавите. Таа сѐ уште нема работна дозвола во Романија, па место деби на клупата, дебитираше на трибината.
Јулија Куреа која ја презема привремено екипа по оставката на Адриан Василе си ја одработи својата (веројатно) последна средба како прв тренер на голмиот клуб и го препушта кормилото на црногорската ѕвезда која паралелно е и асистент во женската репрезентација на Данска.