Е. Пелистер се раздели со египетскиот пикер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Египетскиот пикер Калед Валид и македонскиот клуб Еурофарм Пелистер се разделија по една полусезона. По тренерската смена, ова е првата играчка промена во Битола на полусезоната, можеби последна, можеби не е, во зависност од анализата за тоа како поминаа првите месеци од новата сезона.

Калед Валид не се наметна во тимот, а со враќањето на Самоил Ристевски кој доби шанса и во сениорската репрезентација, неговиот статус во клубот беше дополнително загрозен и разделбата се чини како логична разврска. Како што информираше клубот, двете страни биле согласни за промена и разврешницата беше брза и без проблеми.

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Мохамед Калид Валид пред истекот. Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во нашиот дрес Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува успех во понатамошната кариера, објави битолскиот клуб.