Томовски: Групата е силна, но...

Македонската ракометна репрезентација на првиот собир во 2026 беше комплетна откако на подготовките им се приклучи и голманот на германскиот Битенхајм, Мартин Томовски.
Одлична полусезона има во германското првенство македонскиот чувар на мрежата, сега на ред е да ги повтори партиите и во националниот тим.

„Се чувствувам одлично, бранев во добра форма на клупски план. Искрено се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во репрезентативниот дрес“, вели Мартин Томовски.
„Пред нас е период на тренинзи и на подготвителни натпревари во кои ќе ја темпираме формата и ќе работиме на што подобра подготовка за она што ќе не очекува во Данска. Сите сме свесни дека групата е силна, затоа мораме што подобро да се подготвиме.
Желба нема да изостане, ќе оставиме срце на терен, тоа е сигурно. Верувам дека добро ќе се претставиме на ова големо натпреварување“, изјави Мартин Томовски.