Се разделија Охрид и Орјоникидѕе

Фото: ГРК Охрид

Грузискиот репрезентативен бек Темураз Орјоникидѕе и македонскиот клуб ГРК Охрид спогодбено го раскинаа договорот. Охриѓани денеска ја официјализираа разделбата.
Еден од најдобрите од минатата сезона, левиот бек, грузиецот Теимураз Орјоникидзе по повредата со која се здоби при репрезентативен настап во месец Мај, за жал, не успеа да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ за време на зимскиот припремен период, по што клубот и играчот се договорија спогодбено да го раскинат договорот кој што беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
На нашиот Темо му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени.

Орјоникидѕе беше најавуван како големо пролетно освежување и засилување, но неговата судбина има поинакви планови за него, па нема веќе да го гледаме во дресот на охридскиот клуб.
Разделбата се поклопува со најавите дека Охрид бара ново странско засилување. Патем од клубот демантираат дека се работи за црноорскиот ас Вуко Борозан кој е на излезна врата од Вардар 1961.