-
07.1.2026
-
Планета ракомет
Фото: РФМ
Нема крај на проблемите на селекторот на Словенија Урош Зорман во составувањето на екипата за ЕП 2026.
Алекс Влах, можеби нивниот најдобар играч во моментов е надвор од строј и нема да настапи на Европското првенство.
Алекс Влах го надополни списокот на кој се Јака Малус, Нејц Цехте, Борут Мачковшек, Блаж Благотиншек, Миха Зарабец, Тадеј Кљун, Матиц Грошељ и Митја Јанц.
На спискот на повредени се и Ник Хенингман, Матиц Сухолезник, Домен Новак и Слатинек Јовичиќ.
Шведското крило Јери Толбринг по шест години пауза од репрезентацијата, требаше да биде дел од националниот тим кој е еден од домаќините на ЕП 2026. Но, судбината имаше поинакви планови за него и тој мораше да го напушти репрезентативниот камп поради повреда на листот на ногата.
На неговото место е повикан Феликс Монтебови и тој ќе игра покрај Хампус Ване на левата крилна позиција.
Десниот бек на Кил, Харалд Рајнкинд отпадна од списокот на репрезентацијата на Норвешка поради проблем со стапалото. Тоа е сериозен проблем за еден до домаќините на ЕП затоа што нема да може да сметна ниту на другите два стартни бекови (Магнус Род и Кент Робин Тонесен).
Симон Шонингсен и Патрик Андерсон сега ќе ја покриваат таа позиција во норвешкиот тим.