​Алекс: Вардар? Ќе видиме...

Photo: RFM/Petr Stojanovski

Репрезентацијата на Шпанија го совлада тимот на Србија, тесно со 29-27 во првото коло од Европското првенство денеска почна во Хернинг.
Србија која е предводена од поранешниот селектор на Македонија, Раул Гонзалез, ги промаши првите четири напади и потоа беше во резултатска негатива цел меч. Но, во финишот намали на два гола негатива и беше во игра барем за бод до последен момент.
На крајот, сепак, се радуваше Шпанија.

„Задоволен сум што со победа го почнавме европското првенство. Треба да продолжиме вака. Имаме многу нови, млади играчи во тимот што треба да се воиграат. Треба да продолжме да се бориме вака и ќе бидеме задоволни на крајот“, изјави Алекс Душебаев кој на средбата со Србија постигна три гола од четири обиди.

Поранешниот ракометар на Вардар, со насмевка го дочека прашањето за неговото евентуално враќање во црвено-црното семејство.

„Јас бев многу задоволен во Вардар. Но, сега ситуацијата е поинаква, така што... ќе видиме“, ниту потврди ниту демантираше Алекс.