Гидсел: Мислам дека Македонија не е без шанси против Португалија




Македонските ракометари денеска играа против најдобриот тим на светот, репрезентацијата на Данска и немаа успешен старт на првенството. Ваквиот епилог беше сосема очекуван, затоа што данскиот состав е преполн со ѕвезди, а меѓу нив се истакнува и Матијас Гидсел, веројатно најдбориот играч на светот во моментов.

„Влеговме малку нервозно во мечот, сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Исто так, знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да не изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната 5-1 во првото полувреме, за момент предизвика да не играме онака убав ракомет како вообичаено. „Фластерот“ на мене малку исфрли од ритам, но Лауге и Питлик потоа го искористија просторот што се отвори со таа зона и полесно ги решававме акциите. Македонија во секој случај покажа квалитет, верувам дека со подобра офанзивна игра би можела да се носи со Португалија“, изјави Матијас Гидсел.