Македонија одигра борбен натпревар, но тоа не беше доволно за добар резултат против најдобриот тим во светот во моментов, а тоа е репрезентацијата на Данска.
По натпреварот, селекторот Кирил Лазаров го анализираше крако натпреварот.
„Иако можеби тешко е да се каже такво нешто после пораз од 12 гола, па и од една Данска, можам да кажам слободно дека сум задоволен од борбата на моите момци и за тоа како се поставија против најдобрата репрезентација во свет во последните 10 години. Добро го подготвивме натпреварот, но вакви работи се случуваат против Данска. Мора да извлечеме добри поуки од овој меч. Со стручниот штаб им дадовме шанса на сите играчи за да можеме што посвежи да ги чекаме другите мечеви. Немаме многу време за одмор и рехабилитација. Мораме да го подготвиме мечот со Португалија и да се покажеме во подобро светло“ – рече селекторот Лазаров.
„И многу подобри репрезентации не успеале да го сопрат ритамот на Данска. Лошо го почнавме мечот, со три-четири технички грешки и тука ни се одлепија. Задоволен сум на одбраната на позициска одбрана и тоа е одлично. Ете, ако добро погледнеме, ја натеравме една Данска со така моќни бекови да напаѓа со седум на шест што е голема пофалба за нас. Во секој случај треба да бидеме подобри во следните мечеви, да се извлечат некои поуки и секако да го имплементираме тоа на следните натпревари“, дополни Лазаров.