Ристовски: Мораме да победувме и помодерни екипи



Импресиите од играњето против тимот на Данска нема брзо да избледат, особено импонираше нивната брзина и воиграност, а веќе денеска ќе играме со противник што игра слично.
Португалците за себе велат дека се најдобрата напаѓачка екипа. Имаат ракометари со врвен квалитет.

Во пресрет на дуелот со Макеоднија, повеќе европски ракометни медиуми веќе објавија дека трансферот на Кико Кошта во Барса е веќе завршена работа.

Македонија има селектор што може да состави противигра на Португалија. Прашањето е дали договореното може да се спроведе на терен, затоа што за многу работи се прашува и противникот. 

Самоил Ристовски, еден од дебитантите во нашиот состав го најави натпреварот. 

„Португалија е послаб противник, но негува ист стил како и Данска, брз ракомет. Ние се подготвувавме најдобро што можеме, ќе сториме сѐ за добар резултат. Ако сакаме да бидеме репрезентација од Топ 8 во Европа мораме да го унапредиме нашиот ракомет, да победуваме селекции во овој нов стил, тоа е брз ракомет“, изјави Ристовски во пресрет на денешниот дуел.