Костески: Кога ја фатив топката, знаев дека морам



Македонија е во Топ 16 на Европското првенство во Данска. Пласман обезбеден по два драматични натпревари во кои противници ни беа Португалија и Романија. Ако во ремито со „хероите од морето“ среќата не беше на нашата страна, на дуелот со Романците среќниот крај беше за нас.

Македонија не успеа да се одбрани во последниот напад на Романија, израмни противникот на пет секунди до крајот, но следеше молњевита реакција на нашиот тим. Стојковиќ до Кузмановски, тој до Ненад Костески, овој во мрежата на Попеску за победа на Македонија.
Разговаравме со Ненад Костески веднаш по натпреварот.

Може ли да се опише со зборови последната акција, како ја виде, какви мисли и какви чувства минаа низ тебе?
 

„Тргнав напред барав топка, знаев дека сме вишок. Се вртев гледав, среќа Фитиљ (Кузмановски) ме виде. Кога ја фатив топката мислев само на едно. Морам гол. По секоја цена, паднал на глава – паднал на глава. Знаев дека морам. Знаев колку е резултат, знаев што значи евентуална победа...

Ми се случувало, не многу често да шутирам за решавање на натпревар. Но, ова е поинаку. Ова е ЕП, шут за победа, за Топ 16... Ќе го паметам овој момент целиот живот, чувството е фантастично, непроценливо“, изјави стрелецот на победничкиот гол, Ненад Костески.