Македонија е во Топ 16 во Европа, главната цел е изборена, патот кон СП 2027 сега е почист за македонскиот тим. Главната рунда, сепак, останува недостижна. Бевме и блиску и далеку од неа, но бевме и блиску и далеку од два баража и покомплицирани квалификации.
На крајот заврши така како што заврши, причини за задоволство секако има. Дали е резултатски успех или неуспех може да се анализира по следниот параметар. Македонија од ЕП со оди со само еден пораз и тоа од Данска.
Посебно беше драматично на натпреварот со Романија каде што Македонија го контролираше целиот меч, но на крајот во фотофиниш стигна до победа. Голманот Мартин Томовски имаше значајна улога во оваа победа на нашиот тим.
„Среќни сме поради победата, но имаме и по што да жалиме. Имавме криза, Романците ја искористија, искусни играчи се тие. Но, успеавме, победа си е победа. Сакавме поголема разлика, тоа ни создаде дополнителен стрес, но тоа е.
Пред се сакам да им посакам побрзо заздравување на нашите повредени играчи. Петар, Џонов, Никола Маркоски, нека прости некој ако го заборавам. Ќе анализираме, ќе видиме каде грешевме и ќе се стремиме кон тоа да ги елиминираме грешките“, изјави голманот на македонската репрезентација Мартин Томовски